(ВИДЕО) Стојаноска: Поплавата во КАРИЛ не се чисти само со џогер, дали се направени микробиолошки брисеви поради опасност од инфекции?

Од:

„Пред неколку дена здравствениот систем беше хендикепиран, поради поплавувањето на Клиниката за анестезија, реанимација и интезивно лекување, позната како КАРИЛ. Поради поплавувањето на клиниката, пациентите не беа примани на истата и беа препраќани во други градови и болници. Со ова, беше ставен надвор од функција можеби клучниот објект во терцијарното здравство. Дали и каква солуција е тоа за пациентите, граѓаните може самите да донесат заклучок“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, денес ќе поставиме клучно прашање и клучно предупредување до директорката на КАРИЛ, министерството за здравство и другите надлежни институции: Што се превзело оваа клиника соодветно да се подготви и да профункционира? Внимавајте, ова не е обична гаража или подрум, од кој што треба да се испумпа само водата и да се зачисти со џогер. Доколку клиниката била поплавена од излевање на атмосферска канализација или други води до степен да препраќа пациети, тогаш овде се работи за многу сериозен и темелен процес на враќање во фунција. Не смее брзоплетоста на надлежните да чини животи. Оваа клиника е мошне сериозен и чувствителен дел од здравствениот систем и терцијарното здравство и не смее да се дозволи на било каков начин да се случуваат интерхоспитални инфекции.

Оттука прашуваме: Што е преземено за санирање на поплавите во КАРИЛ? Дали се направени микробиолошки брисеви од страна на Центарот за јавно здравје? Да потсетиме дека оваа институција е надлежна да го споведе ова земање на брисеви и само со три последователни негативни брисеви може да дозволи клиниката да продолжи да работи.

Дали Министерството за здравство и Санитарниот и здравствен инспекторат се вклучени и запознаени со активностите за враќање на клиниката во функција? На крајот, дали е спроведено испитување на електричната инсталација во клиниката, ако се има предвид дека од нејзината исправност зависат апарати и инструменти кои имаат животовитално значење за пациентите.

Клиниката не е дворче или гаража, за после таква поплава да се расчистува фушерски. Оваа клиника третира едни од најтешките случаи во Македонија и мора во најкратко време и според сите строги стандарди да се врати во функција. Животите на граѓаните се важни. Досегашните фушераи и неодговорности на власта во здравството граѓаните многу скапо ги чинеа. Да не дозволиме нешто слично да се повтори“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?