Реакција на амбасадорот Небезнија: Лавров и руската делегација се уште не добиле американски визи за учество на Генералното собрание на ОН

Од:

Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, официјална Москва ја изрази својата загриженост затоа што се уште не се добиени американски визи за членовите на руската делегација предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за учество на Генералното собрание на светската организација, пренесуваат денеска западните медиуми.

„До 1 септември, ниту еден од 56-те руски дипломати нема добиено виза за влез во САД“ за да присуствува на неделата на Генералното собрание, што на високо ниво ќе се одржи од 20 до 26 септември во Њујорк“, напиша рускиот амбасадор во ОН Васили Небензија во писмото до Гутереш.

Тој додаде дека истото важи и за новинарите и членовите на екипажот на авионот во кој треба да патува рускиот министер.

„Ова е загрижувачко и затоа што во последните месеци американските власти постојано одбиваа да издадат визи на голем број руски делегати кои требаше да присуствуваат на официјални настани во ОН“, се наведува во писмото, повикувајќи ги САД да ги почитуваат своите „законски обврски“ и „брзо да ги одобрат“ бараните визи.

Според договорот од 1947 година, меѓу САД и ОН, Америка не треба да го спречува транзитот на претставници на земјите членки до седиштето на ОН.

Портпаролката на генералниот секретар на ОН за француските медиуми изјави дека се во „близок контакт“ со САД во однос на прописите од договорот усвоен во 1947 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот