Кениски пратеници имаат намера тајно да изменат уставна одредба со која неодамна им беа одземени овластувања сами да одредуваат висина на платата.
Членовите на парламентот во јуни се согласија за намалување на платите од 120.000 на 75.000 долари годишно. Просечната плата во Кенија е околу 1.800 долари годишно.
Пратениците првично сакаа да ги зголемат своите плати на 175.000 долари годишно и да се наградат со бонуси од по 110.000 долари на крај на своите мандати.
Тие во изминатите денови почнаа со процес за промена на Уставот за да може тие, судиите, општинските и градски службаници да бидат избришани од категоријата државни службеници.
Платите на државните службаници ги одредува Одбор за плати.
– По бришењето од листата на државни службеници, пратениците повторно ќе можат сами да одредуваат плати, изјави камото Ваиганјо, член на одборот за спроведување на Уставот.
Буџетот на владините службеници во таа држава е речиси 12 отсто од БДП, додека меѓународно прифатлив стандард е максимум – седум отсто.