Приведен крадец од Штип, пронајдени украдените предмети

Од:

По преземени мерки и активности, СВР Штип расчисти две кривични дела сторени на 29.8. и 30.8.2022 во Штип и поради сомнение дека ги сторил делата од слобода бил лишен Р.Е.(37) од Штип, кој користел викенд отсуство од Казнено-поправната установа Затвор Штип, каде што издржувал затворска казна.

Тој се сомничи дека на 29.08.2022 на ул.„Сутјеска“ се обидел да одземе накит од жена од Штип и дека на 30.08.2022 на ул.„Христијан Карпош“ со употреба на сила од жена од Штип одзел накит.

Лицето било задржано во полициска станица и во службен разговор ги признало делата.

При претрес во неговиот дом во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземените предмети. Р.Е. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски