Два земјотреси со јачина од 2,4 и 3,9 го погодија Лихтенштајн во четвртокот попладне, токму додека пратениците расправаа дали малата европска нација треба да воведе осигурување од земјотреси. На видеото што го објави парламентот се гледа дека за неколку секунди во зградата се почувствувани два земјотреси. Првиот земјотрес и насмеа на пратеничката на ФБП Бетина Пеколд-Махр, која зборуваше.
Вториот, посилен земјотрес го натера претседавачот Алберт Фрик привремено да ја прекине седницата и да ја евакуира салата.
Полицијата на Лихтенштајн соопшти дека засега нема информации за жртви или вистинска штета.
Како што се наведува, земјотресите биле почувствувани во делови од Австрија и Швајцарија, како и во јужните германски покраини Баварија и Баден-Виртемберг.
Во октомври 2020 година, исландската премиерка Катрин Јакобсдотир беше прекината за време на интервју за печатот кога земјата беше погодена од земјотрес со јачина од 5,6 степени.
Претходно истата година, премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, исто така беше прекината од земјотрес за време на телевизиско интервју во живо.