Германија веројатно ќе ја преживее зимата без криза дури и ако запре испораките на руски гас, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц, додавајќи дека земјата би можела да ги искористи своите резерви на гас и да добие повеќе испораки од Норвешка или Холандија.
Владата презеде рани мерки на претпазливост против таква криза со полнење на складишта за гас и изградба на терминали за течен природен гас, рече Шолц на митингот во градското собрание на Есен, објави Ројтерс.
„Дури и да се стегне, веројатно ќе ја преживееме зимата“ – рече Шолц, повторувајќи ја својата поддршка за гасоводот од Шпанија преку Франција до остатокот од Европа.