Донација од „Макпетрол“ за основните училишта во општина Центар

Од:

„Макпетрол“ АД Скопје донираше 620 училишни ранци за првачињата во сите 8 основни училишта во општина Центар во Скопје. Училишните ранци денеска на учениците им ги подели Општина Центар на првиот училишен ден.

Како општествено одговорна компанија, „Макпетрол“ исклучително го вреднува значењето на образованието во развојот на луѓето и со својата донација вложува во иднината на децата. Донацијата на компанијата доаѓа во годината кога „Макпетрол“ одбележува 75 години од основањето, период во којшто голем дел од своите ресурси, време и енергија посветува на доедукација и професионално усовршување на вработените.

– Компанијата е постојано меѓу најпосакуваните работодавачи во земјата, а една од главните причини за тоа е што им овозможува личен и кариерен развој на членовите на својот тим. Со ова се потврдува вредноста што ја придаваме на образованието и со тоа на ум, ја реализиравме оваа донација на ранци за сите првачиња во Општина Центар со кои, се надеваме, дека ќе ги израдуваме и ќе им помогнеме во совладувањето на училишните предизвици – велат од компанијата „Макпетрол“.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Макпетрол“ со став дека намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволна

Соработка на „Макпетрол“ и МОН – нов прирачник против врсничко насилство за училиштата

Горан Наумовски

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот