Организација за образование, наука и култура на ОН (УНЕСКО) соопшти дека загрижува фактот што околу 244 милиони деца во светот не одат на училиште.
– Никој не може да ја прифати оваа ситуација. Образованието е човеково право и ние мора да направиме се за да се погрижиме ова право да се почитува за секое дете, изјави генералната секретарка на УНЕСКО, Одри Азулај.
Од 244 милиони деца на возраст од шест до 18 години кои не одат на училиште, повеќе од 40 отсто или 98 милиони живеат во субсахарска Африка.
Најголем дел од нив се во Нигерија (20,2 милиони), Етиопија (10,5 милиони), Демократска Република Конго (5,9 милиони) и Кенија (1,8 милиони).
Извор: МИА