Двајца Палестинци се убиени за време на одделни операции на израелската армија на Западниот Брег, јави ДПА.
Еден 25-годишен маж е застрелан од огнено оружје во близина на Наблус, а еден 26-годишен маж во близина на Рамала, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.
После бранот терористички напади во Израел изминатата пролет, армијата спроведува повеќе рации на Западниот Брег.
Извор: МИА