Фатен затвореник кој побегнал од „Идризово“, а бил осуден на 10 години затворска казна

Од:

Полицијата приведе 27-годишен скопјанец осуден на 10 години и седум месеци затворска казна кој бил во бегство.

„На 31.8.2022 во 21.35 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(27) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа затвор Идризово- Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и 11 месеци, а бил осуден на казна затвор од 10 години и седум месеци за сторени кривични дела по член 236, член 242 и член 288 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

Иран: Во израелскиот напад врз затворот „Евин“ загинаа над 70 затвореници

Пожар избувна во затвор во Сплит, седум лица завршија во болница

Лишен од слобода криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци

Предраг Петровиќ

Уапсен е осмиот затвореник кој избега од затвор во Њу Орлеанс, уште двајца се во бегство

Полицајци уапсија бегалец од Турција осуден на 23 години затвор

Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на Танкица Маладеновска од Кочани