Шефот на канадската Либерална партија, Џастин Тридо, призна дека пробал марихуана, пренесуваат француските медиуми.
-Не сум конзумент на марихуаната, но досега пробав пет или шест пати во животот – изјави Тридо ја конференцијата за медиуми во Квебек.
Тој во своето интервју од пред една недела, наведе дека пред три години, последен пат пушел дрога од тој вид, со пријателите.
-Вечеравме со пријателите, децата беа кај бабите кога еден од пријателите запали џоинт и ни го подаде, повлеков еднаш од цигарата – рече шефот на канадската ЛП, кој својата постапка не ја смета за погрешна, со образложение дека не конзумирал други видови на дрога.
Елена Георгиевска