Попоски ќе одржи предавање на кампот „Ја сакам Македонија“

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во Охрид ќе одржи предавање на летниот камп „Ја сакам Македонија“.

На кампот, како што соопшти МНР, учествуваат 35 деца припадници на македонските национални малцинства од соседните земји, а предавач е професор по македонски јазик предложен од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Овој настан претставува дел од проектот на Владата на Република Македонија „Далеку, а блиску“, чија главна цел е подигнување на нивото на познавањето на македонскиот јазик меѓу припадниците на македонските национални малцинства во соседните земји и македонските заедници во дијаспората.

Летниот камп „Ја сакам Македонија“ и оваа, втора година по ред, се одржува во хотелот „Конгресен Центар” во Охрид, а предвидено е да трае до 25 август. Настанот има за цел да го подобри познавањето на мајчиниот јазик на целната група и едновремено да се создаде поголемо заедништво помеѓу Македонците од соседните земји.

Освен наставната компонента, учесниците имаа можност да се запознаат со културно – историското наследство на Охрид и околината, да присуствуваат на театарска претстава во склоп на „Охридско лето“ и да проследат проекции на документарни филмови за историјата на Македонија и македонскиот народ. Споменатата програма е во насока на популаризирање на културните достигнувања на Република Македонија и уште повеќе зајакнување на културниот и националниот идентитет на припадниците на македонскиот народ кои живеат надвор од границите на Република Македонија.

Предвидено е секоја година да се зголемува бројката на учесници на кампот, а право на учество да имаат сите Македонци, без разлика на кој дел од светот живеат, што укажува дека овој проект полека прераснува во една традиција која што ги обединува Македонците од дијаспората и македонските национални малцинства од соседните земји, во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски