Челси размислуваат за сензационална понуда за суперѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар во финишот на преодниот рок, во надеж да се засили нападот на „сините“ за новата сезона, тврди „Дејли мејл“
Пјер-Емерик Обамејанг останува прва цел на новиот газда Тод Бели, а потенцијално решение во нападот може да биде и Вилфрид Заха од Кристал палас. Претходно се шпекулираше дека Кристијано Роналдо е прва цел на Бели, но Томас Тухел бил против овој трансфер.
ПСЖ потрошија над 100 милиони евра на Витиња, Нуно Мендеш, Фабијан Руиз, Ренато Санчез и Норди Мукиеле ова лето, покрај новиот мега-договор кој му го дадоа на Килијан Мбапе, зголемувајќи ги шпекулациите дека во блиска иднина мора да се разделат со Нејмар или Лионел Меси за да не ги прекршат правилата на финансиски ферплеј на УЕФА.
Извор: Топспорт