Тајван ќе направи се што е потребно да се одбрани од Кина

Од:

Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неодамнешните воени вежби на Кина околу островот ја загрозиле состојбата на статус кво во Тајванскиот теснец, ветувајќи дека „ќе направи се што е потребно“ за да го одбрани Тајван, пренесе ДПА.

-Ќе продолжиме да ја браниме нашата национална безбедност, цврсто држејќи се до средната линија и ќе направиме се што е потребно за да ги заштитиме нашите домови, нашите семејства и нашиот суверенитет, изјави портпаролот на министерството Ли-Фанг Сун.

ДПА потсети дека откако на почетокот на август претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси, го посети Тајван, Кинеската Народноослободителна армија почна воени маневри околу Тајван, проследени со големи поморски и воздушни вежби.

Тајванската одбранбена команда Кинмен доцна синоќа соопшти дека испукала предупредувачки истрели кон кинески воен дрон.

Претседателката Цаи Инг-вен вчера во воздухопловната база во оддалечениот тајвански округ Пенгу изјави дека и наредила на тајванската војска да ги преземе неопходните контрамерки против кинеските провокации, пренесе ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски