Прва редовна координација во Собранието по колективниот одмор

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денес, во присуство на потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, претставниците на Алтернатива и БЕСА и претставникот од Владата, ја одржа првата редовна координација по летниот колективен одмор.

На истата информираше дека на 14 септември 2022 година е планирано одржувањето на првата нова седница на Собранието на Република Северна Македонија за овој месец. Дополнително, претседателот Џафери ги информираше присутните и за следните планирани активности во законодавниот дом.

Исто така, претседателот Џафери им посочи на координаторите на пратеничките групи од утре да продолжи со работа Комисијата за избори и именувања со точката за избор на уставните судии, а преостанатите комисии на Собранието на Република Северна Македонија да продолжат со разгледување на преостанатите точки од дневните редови.

Во периодот што следи, пратениците ќе работат и по продолженијата на веќе започнатите пленарни седници.

Џафери на брифингот со новинарите инфомираше дека во изминативе две години, во Собранието се одржани вкупно 83 седници. Од вкупно 973 точки на дневен ред на пленарните седници, над 80 точки не се разгледани.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски