Вучиќ: Ни претстои тешка есен и најтешка зима

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата со шефицата на дипломатијата на Куба изјави дека на Србија и претстои најтешка зима и дека наскоро ќе бидат претставени мерки пред граѓаните.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Едуардо Родригез Парила му го врачи Орденот на српското знаме од прв степен, за посебни заслуги во развојот и зајакнувањето на соработката и пријателските односи меѓу Србија и Куба, и потоа одговараше на новинарски прашања.

Зборувајќи за ситуацијата на Косово и Метохија и неодамнешниот договор со Приштина, Вучиќ рече:

„Не гледам решение, сигурно ќе дојдат со своја кампања на први септември. Курти на разговорите рече дека се надева дека ќе има голем успех кога е во прашање менувањето на табличките. Тоа е процес кој ќе продолжи. Соочени сме со тој модел, и ќе се бориме“, изјави Вучиќ.

Вучиќ рече дека Србија, покрај се што се случува во Украина, има и голем проблем, а тоа е енергијата.

Тој изјави дека Србија вчера увезла четири гигавати струја што чинела 2,4 милиони евра.

Ни претстои уште малку тешко лето, уште потешка есен и најтешка зима. Се надевам дека се ќе надминеме, а наскоро ќе им го претставиме на граѓаните“,

Би можело да ве интересира

300 милиони луѓе го гледаа интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија

Горан Наумовски

Вучиќ положи цвеќе во „Рибникар“: „Оваа трагедија остави неизбришлива лузна на душата на цела земја“

А1он

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ