Новозеландската полиција идентификува деца чии останки биле пронајдени во стари куфери: Биле мртви три или четири години

Од:

Полицијата во Нов Зеланд идентификуваше две деца чии останки беа пронајдени претходно овој месец во куфери купени од едно семејство на аукција.

Во петокот таа потврди дека и двете деца се идентификувани, но дека семејството побарало да не се објавува нивниот идентитет, пишува Си-Ен-Ен.

Да потсетиме дека полицијата покрена истрага откако на 11 август во Јужен Окленд беа откриени остатоци од тело. Телата биле во два куфери со идентична големина.

Детективот Тофилау Фамануја Ваелуа рече дека децата најверојатно биле на возраст меѓу 5 и 10 години во моментот на нивната смрт. Тој додаде дека причината за нивната смрт засега е непозната и дека истражителите веруваат дека тие биле мртви три или четири години.

Едно семејство ги купило куферите

Истрагата ќе биде сложена поради времето што поминало помеѓу смртта и откривањето. Едно семејство купило цела приколка натоварена со предмети што се продаваат на големо во магацинот, вклучително и куфери.

Семејството нема никаква врска со убиството, нагласи полицијата. Магацинот и целиот имот беа детално прегледани од вештаци.

Според полицијата во Сеул, жената, за која се верува дека е мајка на две деца, била во Јужна Кореја од 22 август. Јужна Кореја соработува со властите на Нов Зеланд во истрагата. Компанијата за складирање што го продаде багажот, исто така, и помага на полицијата во нивните истраги за други предмети што може да се поврзани со куферите.

Јужнокорејската национална телевизија КБС објави дека Интерпол побарал од полицијата да ја лоцира мајката.

Би можело да ве интересира

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови