Лидерот на Крим Сергеј Аксјонов денеска изјави дека изјавите кои доаѓаат од Киев за офанзивата на украинската армија на југ не се точни и се дел од украинската пропаганда.
„Уште една лага на украинската пропаганда, која добро ја знаеме од Запад: украинските милитанти наводно започнале офанзива во јужниот правец. Оваа лажна приказна е слична на сите претходни, како виртуелните „напади“ на мостот на Крим, кои трупите на режимот во Киев ги изведоа неколку пати“,ја пренесе ТАС С изјавата на Аксјонов.