Вирусот со кој е нападнат информатичкиот систем на црногорската Влада чини до 2,5 милиони долари

Од:

Министерот за јавна администрација на Црна Гора Мараш Дукај денеска изјави дека кибер нападот врз информатичкиот систем на земјата, кој започна на 20 август и сè уште трае, извршителите ги чини меѓу 100.000 и 2,5 милиони долари. Според директорот на Управата за информатичка безбедност на Црна Гора Душан Половиќ вели дека толку чини на дарк веб вирусот со кој е нападната земјата.

Дукај истакна дека Црна Гора има огромна поддршка во борбата против кибер напаѓачите и им се заблагодари на службите на САД, Велика Британија и Франција, пренесува РТЦГ.

Тој повтори дека се безбедни личните податоци на граѓаните и потврди дека се работи на санација и проценка на штетите.

– За овој напад врз нашиот систем се вложени огромни пари, рече Дукај и додаде дека Министерството за јавна администрација не може да го утврди изворот на нападот.

Но, Дукај изјави дека Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора има информации од каде доаѓаат нападите.

– Со таа разбота се знаимава Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора и тие веќе ги презентираа своите индикации, рече Дукај.

Според него, немало барање за откуп на компромитиранита податоци, а Агенцијата за национална безбедност (АНБ), рече Дукај, има информации дека нападите доаѓаат од Русија.

Директорот на Управата за информатичка безбедност на Црна Гора, Душан Половиќ, потврди дека се заразени 150 станици во десет државни институции.

– Заразените станици се исклучени од мрежата и нивните хард дискови се отстранети за дополнително испитување, рече Половиќ.

Тој тврди дека зад овие напади не стои поединец, туку, како што истакна, станува збор за „внимателно испланиран напад кој е и добро финансиски подготвен“.

– Вредноста на вирусот што го нападна информацискиот систем на владата на дарк веб чини од 100 илјади до два и пол милиони долари, рече Половиќ.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала