Енергоатом: Русите повторно го гранатираа Запорожје

Од:

Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом денеска соопшти дека руските сили го гранатирале комплексот на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола од март.

Во соопштението на каналот Телеграм на компанијата се наведува дека руските војници во изминатите 24 часа повторно ја гранатирале територијата на нуклеарната централа и дека се проценува штетата .

Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Дњепар.

Претходно денеска руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека во последните 24 часа трипати го гранатирале комплексот околу нуклеарната централа во Запорожје.

Претходно, член на проруската регионална администрација, Владимир Рогов, објави дека украинските сили повторно го гранатираат градот Енергодар, во близина на кој се наоѓа нуклеарната централа Запорожје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Во руски воздушен напад на Запорожје, ранети најмалку 16 цивили

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во нуклеарната централа Запорожје

Горан Наумовски

По гранатирањето на „Запорожје“, многу региони во Украина се без струја и интернет

Захарова: Мнозинството членки на НАТО се во зоната на директен удар на нуклеарката Запорожје

Катерина Ѓуровски