Во руски воздушен напад на Запорожје, ранети најмалку 16 цивили

Од:

Најмалку 16 цивили се ранети, меѓу кои и едно 15-годишно момче, во руски воздушен напад врз југоисточниот град Запорожје доцна во неделата, соопштија украинските власти во понеделникот, пренесе Ројтерс.

Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, на „Телеграм“ изјави дека Русија извршила најмалку седум напади врз градот и околните области и оштетила 13 станбени згради, образовни институции, автомобили, гаражи и приватни станови.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека, според прелиминарните информации, Русија користела воздушни бомби со наведување во нападот на Запорожје.

Украинската агенција наведува дека во текот на вчерашниот ден руските сили извршиле вкупно 363 удари врз 12 населени места во областа Запорожје.

Би можело да ве интересира

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Вашингтон пост: Путин сака да ја контролира Украина

Руте повика на нормализација на односите со Русија

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје