Русија нема да ги дискриминира хомосексуалците на ОИ

Од:

Руската влада го извести Меѓународниот олимписки комитет дека нема да ги дискриминира хомосексуалците во текот на Зимските Олимписки игри, во Сочи 2014.

Потпретседателот на владата, Димитриј Козак во писмото до МОК наведе дека државата ќе ги почитува одредбите на Олимписката повелба против каква било дискриминација.
Тој додал и дека законите во Русија се однесуваат на секого и дека мора да се почитуваат.

Русија годинава донесе закон со кој пред малолетниците се забранува „пропагирање нетрадиционални сексуални односи“ и парично казнување на организаторите на парадите на гордост.

Поради тој закон многумина бараа на Русија да и се одземат Зимските Олимписки игри, кои од 7-ми до 23-ти февруари ќе се одржат во Сочи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он