Бугарскиот министер за енергетика Росен Христов најави дека властите во Софија преговараат со Турција и Саудиска Арабија и постојано бараат нови можности, јави дописникот на МИА од Софија. Христов објасни дека инспекцијата на работата на интерконектор меѓу Бугарија и Грција поминала многу конструктивно и јасно е видлива силната мобилизација од страна на главниот изведувач на проектот, службите и министерствата, но Христов коментира дека доколку Бугарија направи да не се користат количествата гас од грчката компанија Газпром, Бугарија би платила казни.
Цената од „Гаспром експорт“ што би ја добила Бугарија е блиска до цената по која добива гас од Азербејџан, коментира в.д. министер за енергетика на Бугарија. Во однос на реализацијата на гасниот конектор меѓу Бугарија и Грција, Христов нагласи дека има уште многу работа. Засега нема заостанување зад распоредот што беше претставен минатата недела, најави тој и објасни дека следната недела има многу задачи кои мора да се завршат.
Следната недела од посетата на Бугарија, министрите за енергетика на Грција и Романија ќе допатуваат за да разговараат за севкупниот развој на проектот, за од октомври тој да се префрли на комерцијална работа на гасниот конектор меѓу Бугарија и Грција.
Извор: МИА