Британскиот весник Гардијан денеска соопшти дека се обратиле до Врховниот суд барајќи судски налог за заштита на материјалот одземен од партнерот на новинар на весникот (Глен Гринвалд) кој во тој весник објави документи добиени од Едвард Сноуден.
Адвокати на партнерот на Гринвалд, Давид Миранда истакнуваат дека материјалите одземени од Миранда за време на 9-часовното приведување и испитување на 18 август на лондонскиот аеродром Хитроу содржат доверливи информации.
Гвендолин Морган, адвокат на Моранда изјави дека изворите и тајноста мора да бидат заштитени. Европскиот комесар за правда Вивиен Рединг изрази денеска загриженост за слободата на медиумите по случајот на приведување на животниот партнер на новинарот од гардијан и полицискиот разговор со него.