Битиќи: Струја ќе има цела зима, ЕСМ ќе ја произведува целата електрична енергија

Од:

Во рамките на континуираниот процес на дијалог и дискусија помеѓу Владата и другите органи на државна управа со претставниците на бизнис секторот, во Владата на Република Северна Македонија се одржа редовна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог со која ко-претседаваше заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Тој порача дека граѓаните не треба да се грижат, електрична енергија како и топлинска енергија ќе има доволно во текот на целата зима.

„ Планот за производство на АД ЕСМ за 2022 година е направен со зголемување од 25% во споредба со 2021 година и со тоа ЕСМ ќе ја произведува целата електрична енергија која им е потребна на граѓаните и на малите потрошувачи, и нема потреба да купува струја. Дополнително, сите производствени капацитети од домашното производство ќе се стават во функција, и поради тоа ги уверувам граѓаните дека не треба да се грижат, електрична енергија како и топлинска енергија ќе има доволно во текот на целата зима“, изјави Битиќи.

Дополнително, вицепремиерот Битиќи се осврна и на новиот правилник за поставување на соларни панели, со олеснета процедура и зголемен опсег на производство од 4 на 6 киловати за приватни произведувачи или од 40 на 60 киловати за индустриските објекти.

Тој кажа дека само во 2022 година кон стопанството како државна помош се обезбедени повеќе од 70 милиони евра директна финансиска поддршка, средства кои и во криза пораснаа од претходната година а и не беа скратени со ребалансот на буџетот.

„ Ова се средства кои помагаат во ликвидноста на компаниите и кои не смеат да бидат заборавени денеска кога зборуваме за партнерскиот однос и подадената рака во време на криза“, кажа вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи како и министерот Бесими потсетија на повикот и препораките за штедење како и одговорно однесување од сите страни со цел полесно справување со кризата и спречување на непотребно трошење на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 отсто, најголем досега во историјата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ