706 слободни места за упис во средните училишта во Прилеп

Од:

По двете пријавувања во јунскиот уписен рок, прилепските полуматуранти и денес можат да ги достават своите сведителства во средните училишта низ градот. Според конкурсот за учебната 2013/2014 година, во петте средни училишта можат да се запишат 1530 ученици, а во августовскиот рок слободни места има во сите училишта.
Во јунскиот уписен рок во средните училишта се запишале над 800 полуматуранти.

Најголем интерес за продолжување на своето образование завршените ученици изразиле за гимназијата „Мирче Ацев“, каде што, од вкупно слободни 306 места, пополнети се 207. Во средното медицинско училиште Ѓорче Петров, во кое, исто така, има 306 места, досега се запишани 214 ученици. Во СОУ „Орде Чопела“ се запишале 122 ученици.

Најмногу слободни места има во СОУ „Кузман Јосифоски Питу“. Во прва година треба да се запишат 272, а во јуни се запишале 75 ученици, од кои најголемиот број биле заинтересирани за правната струка, а во индустриското училиште „Ристе Ристески- Ричко“, пак, треба да се запишат 374 завршени осмоооделенци, а досега запишани се 206.

Резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе бидат објавени на 23 август.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски