Амбасадорката Ким му порача на Мета дека никој не е над законот, а заканите и заплашувањата кон обвинителите се неприфатливи

Од:

По реакцијата на поранешниот албански претседател, Илир Мета, по веста дека против него е започната истрага од Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал, СПАК, во која, првиот човек на ова институција Арбен Краја, го етикетира како „партиски слуга (потрчко)“ следуваше реакција од американската амбасадорка во Тирана, Јуриј Ким, јави дописничката на МИА од Тирана.

Во реакција на социјалната мрежа „Твитер“, таа пишува дека заканите кон судиите и обвинителите и обидот за нарушување на реформите во правосудството не може да се прифатат како нормални во земја кандидат за ЕУ и членка на НАТО.

– Заканите и заплашувањата против обвинителите и судиите и секој обид за попречување на реформите во правосудството во Албанија не треба да се прифаќаат како нормални. Вакво однесување не и прилега на земја членка на НАТО, која ги отвори преговорите со ЕУ и седи во Советот за безбедност, пишува Ким.

Американската дипломатка во овој одговор на Илир Мета нагласува дека „никој не е над законот“.

– Долго време богатите или моќните веруваа дека се недопирливи. Сега се загрижени дека неказнувањето е при крај. И додека реформата во правосудството се спроведува и дава повеќе резултати, станува јасно и појасно дека никој не е над законот, констатира Ким.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он