Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК поведе истрага против доскорешниот шеф на албанската држава и актуелен лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета, под сомнение за „непријавено лобирање во вредност од околу 700.000 евра“.
Ова се дознава од барањето упатено до Централната изборна комисија, ЦИК, потпишано од првиот човек на СПАК Арбен Краја.
-За потребите на оваа кривична постапка бараме копија од образецот за самоизјаснување согласно закон бр. 138/2015 „За гарантирање на интегритетот на лицата кои се избираат, именуваат или вршат јавни функции“ поднесен од поранешниот пратеник на Собранието на Република Албанија, господинот Илир Метај-Мета, се наведува во барањето, јави Топ чанел.
Од СПАК потоа појаснуваат дека ова барање е дел од истрагите што ги спроведува Специјалното обвинителство во рамките на кривичната постапка заведена врз основа на пријавата на граѓанинот Халит Валтери.
Поранешниот пратеник Халит Валтери пред два месеци доставил до СПАК претставка придружена со неколку документи со кои се тврди за непријавено лобирање во САД од страна на Мета.
-Најпрво весникот „Mother Jones“ на 25 април 2018 година и весникот „Kronen Zeitung“ на 16 мај 2022 година, објавија дека Движењето за социјалистичка интеграција, ЛСИ, (сега партија на слободата) платила на кипарската „офшор“ компанија „Дорелита Лимитед“, која пак финансирала друга фирма во сопственост на поранешниот републикански американски сенатор Хауард „Бак“ МекКеон (Hoëard „Buck“ McKeon) и поранешен претседател на Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом. Тоа со цел тој да се обиде да влијае на американскиот Стејт департмент, ЛСИ да добие поддршка од САД, наведува телевизијата.
Австрискиот весник „Кронен цајтунг“ објави дека ЛСИ понудила 700.000 долари за лобирање од горенаведената кипарска компанија, со цел оваа да обезбеди покана и фотографирање за Мета за церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп како 45-ти претседател на САД на 20 јануари 2017 година, во време кога Мета беше претседател на албанското Собранието.
Извор: МИА