Иринка Сотирова-Бухова останува директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), дознава „А1он“. На владината седница која заврши, не се именувал вршител на должноста директор. Утрово, била донесена одлука точката да биде повлечена од дневниот ред.
Нема официјални информации зошто оваа точка не се најде на дневниот ред иако е дискутирана на кадровската комисија при Владата. Мандатот на Сотирова-Бухова истече пред четири месеци, односно во април, кога според извори во Владата најавила дека не сака повеќе да ја извршува функцијата, како и дека нема да се јави на новиот конкурс.
Неофицијално, разрешувањето на Сотирова-Бухова може да биде во септември, со планираната т.н. „мини реконструкција“. Освен таа, од функцијата ќе заминат и други лица кои имаат челни позиции во здравството. Најголем дел, по нивно барање.