Сотирова – Бухова по обвинувањата за службениот автомобил: Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот

Од:

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова – Бухова ги повика институциите да го истражат случајот откако дел од медиумите објавија дека со службена картичка точела и бензин и нафта во ист автомобил иако нејзиниот службен автомобил како погонско гориво користел бензин. Сотирова – Бухова, без да коментира дали има или нема вистина во објавените податоци, ги охрабри институциите да утврдат од каде потекнуваат.

„Ги повикувам институциите целосно да ги истражат посочените наводи во медиумите и да утврдат од каде потекнуваат објавените податоци“, кусо изјави Сотирова – Бухова за „А1он“.

За овој случај предмет оформи Државната комисија за спречување на корупцијата од каде веќе испратиле барања за прибирање податоци и информации до Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Сотирова-Бухова останува во ДСЗИ, иако беше најавено Владата не ја разреши

Кристијан Ландов

Зечевиќ не се тестирал на 19 јануари, објасни директорката Бухова по обвинувањата дека и тој на Водици заразен го ширел вирусот

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Сотирова-Бухова: Нема невакцинирани деца во градинките

Наум Локоски