GOLF R икона со 300 коњски сили

Од:

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ објави први фотографии и технички податоци од Р моделот на седмата генерација Голф, што ќе биде претставен на Саемот во Франкфурт.
Традиционално Голф Р нема некои претерано агресивни и впечатливи промени на надворешноста во однос на стандардниот модел, така што новиот спортски модел ја доби препознатливата „Р ознака“ на маската од ладилникот, големи 18-инчни фелни и атрактивен издув.

Сепак, главниот адут се наоѓа под хаубата, каде е сместен дволитарскиот турбо бензинец со 300 коњски сили, што овозможува забрзување од 0 до 100 километри на час за 5,3 секунди, додека со ДСГ менувач забрзувањето изнесува само 4,9 секунди.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска