(ВИДЕО) Арсовски: ДЗСИ јавно да ги објави лиценците за очната болница

Од:

Молкот и необјавувањето јавно на лиценците за работа на очната болница која што функционира во склоп на медикал центар Промедика е доволен показател дека државниот здравствен и санитарен инспекторат и директорката Бухова нешто кријат или се обидуваат да сокријат и да премолчат. Покрај признанието дека навистина инспекторатот издал решение за забрана за работа на очната болница, Бухова не ги приложува сите информации во јавноста и повторно ќе кажам нешто крие очигледно, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој напоменеда дека „сакаме уште еднаш да потенцираме дали оваа очна болница има лиценци за вршење оперативни зафати кои веќе ги работи и рекламира? Ова е прашањето на кое што инспекторатот а веќе и министерството за здравство треба да дадат одговор“.

„Доколку работеле без лиценци за вршење оперативни зафати, како наплаќале за истите, односно на кој начин ги приложувале парите и парите влегувале во платен промет, односно на кој начин плаќале данок за истите“ вели Арсовски.

Партискиот став е дека „со оваа власт, со вакви директори како Ирина Бухова, СДСМ направи хаос и руина од здравството. Навистина е срамота за ваков скандал да се однесуваат ноншалантно и да молчат“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите