ВМРО-ДПМНЕ: ДСЗИ призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има

Од:

„ДЗСИ призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има. Државниот санитарен и здравствен инспекторат призна дека поликлиника работела без лиценца. Здравствена установа третирала пациенти, без за тоа да има дозвола од надлежните институции. Тоа неможе без дозвола од директорката на ДСЗИ Ирена Бухова и надлежните институции задолжени за контрола, кои сето тоа го одмолчеле“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Бухова, а со неа и Филипче претходно и Сали сега треба да одговорат како е возможно една клиника во центарот на Скопје да работи без потребните дозволи.

Кој од власта и органите за контрола ќе сноси одговорност за тоа што здравствена установа работела без лиценца? Власта не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните. Одговорност мора да има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски