До 30 септември пролонгиран рокот за осмиот ИПАРД повик

Од:

До 30 септември е пролонгиран осмиот јавен повик за користење средства од ИПАРД Програмата што требаше да заврши денеска.

Според Платежната агенција, рокот е продолжен со цел да им се излезе во пресрет на потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување на ИПАРД средствата.

Финансиските средства предвидени со повикот се наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатства за корисниците на ИПАРД, може да се преземат од интернет страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично, во приемницата на Агенцијата и во нејзините најблиски регионални центри или работни единици, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.

Би можело да ве интересира

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска