Почина младата тетовка повредена во сообраќајка

Од:

Во Клиничкиот центар во Скопје почина 23-годишната Теодора Р., од тетовско Сараќино која беше тешко повредена како пешак на 15 август околу 22 часот во Тетово.

Таа беше тешко повредена кога во неа удри возило управувано од 49-годишен жител на Голема Речица, а поради сериозноста на повредите беше однесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Несреќата се случи на 15 август на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово кога возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удри во Теодора Р.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски