Бајден би можел да одобрi помош користејќи претседателско овластување што овозможува брза испорака на вишок оружје од американските резерви до странски земји или организации во итен случај, изјавија изворите за британската агенција.
Изворите, кои сакаат да останат анонимни, наведуваат и дека најавата за оваа помош би можела да биде објавена следната недела, прецизирајќи дека планираниот пакет оружје може да се промени во вредноста пред да биде официјално објавен.
Откако руските војници ја преминаа украинската граница во февруари во, како што вели Москва, „специјална воена операција“, конфликтот прерасна во сеопфатна војна која се водеше првенствено на истокот и југот на Украина, за време на која Вашингтон испрати милијарди долари на владата во Киев помош за безбедност, потсетува Ројтерс.