Законот 15 и Актот 16 се очекува да бидат изгласани кон средината на септември за интерконекторот Грција – Бугарија, а гасот да потече на 1 октомври, најави вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, по увидот на бугарскиот дел од меѓусистемскиот гас врска во областа на градот Хасково.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, приоритетно почнуваат преговорите со Азербејџан и турските компании снабдувачи на гас. Но, доколку е потребно, разговорите со „Газпром“ ќе бидат обновени, додаде тој.
Воедно стана јасно дека гасоводот меѓу Грција и Бугарија од денеска е успешно поврзан со бугарската национална и транзитна мрежа за пренос на гас. Во близина на Стара Загора беше извршено поврзување на инфраструктурата на двата независни преносни оператори за Бугарија – ИЦГБ и „Булгартрансгаз“.
Гасоводот ИГБ е веќе успешно поврзан со соседните оператори во Бугарија и Грција, со што физичкиот пренос на гас низ објектот е технички обезбеден.
Извор: МИА