Кина упатила кон Тајван 51 авион и шест брода

Од:

Тајванските оружени сили денеска забележале како кон островот се приближуваат 51 авион и шест воени бродови на армијата на Народна Република Кина, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

„Од 17 часот по локално време тајванските оружени сили забележале активност на 51 авион и шест брода во морето и во воздушниот простор во близина на Тајван“, се наведува во соопштението што го пренесуваат агенциите.

Притоа се појаснува дека 25 авиони ја преминале „средишната линија“ на Тајванскиот теснец, меѓу кои 12 авиони ловци „Су-30“, шест „Ј-16“, четири „Ј-10“, еден авион за електронско војување „И-8“ и два бомбардери од типот „Х-6“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски