Вучиќ и Курти се сретнаа во Брисел, Борел се надева дека ќе најдат заеднички јазик

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, се сретнаа денеска во 10:30 часот во Брисел. Станува збор за средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, чиј домаќин е Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, пренесува N1 Србија.

Покрај Борел, домаќин е и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак. Пред почетокот на средбата, Вучиќ и Курти одвоено се сретнаа со Борел и Лајчак.

„Неодамнешните тензии на северот на Косово уште еднаш покажаа дека е време да се оди напред кон целосна нормализација. Очекувам двајцата лидери да бидат отворени и флексибилни, да најдат заеднички јазик“, напиша Борел на Твитер со фотографии од Вучиќ и Курти.

Вучиќ: Се надевам на некакво решение

Претседателот на Србија на својот официјален Инстаграм профил напиша дека се надева на некакво решение. Тој објави фотографија со Борел.

„Почеток на разговорот за суштинските проблеми на Косово и Метохија. Се надевам на некакво решение, иако воопшто не верувам во тоа“, објави Вучиќ на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе бараме резолуција за страдањата на Србите во Јасеновац

Горан Наумовски

Вучиќ објави пост за Фицо, па уследија закани по неговиот живот

Горан Наумовски

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

300 милиони луѓе го гледаа интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија

Горан Наумовски

Вучиќ положи цвеќе во „Рибникар“: „Оваа трагедија остави неизбришлива лузна на душата на цела земја“

А1он