Проект за доведување на интернетот во делови од светот каде што моментално не е достапен покрена директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг. За таа цел, тој ги ангажирал Samsung Electronics, Qualcomm и уште четири компании.
„Проектот наречен Internet.org ќе биде покренат од среда, 21-ви август, а ќе биде концентриран на обезбедување пристап до интернет за пет милијарди луѓе на коишто досега им беше недостапен. Цел на проектот Internet.org е обезбедување интернет за две третини од светската популација која сé уште не е „вмрежена“, како и давање еднакви можности на преостаната третина на којашто интернетот и е достапен“ – вели Цукерберг.
Другите учесници во проектот се Ericsson, MediaTek Inc, Nokia и Opera Software ASA.
Партнерските компании ќе развиваат поевтини и поквалитетни паметни телефони и го ќе прошират достапот до интернет во заедниците во коишто тој е моментално слабо развиен.