Младите Јапонци се премногу трезвени, според локалната даночна управа која сака да ја прошири консумацијата на алкохол кај таа популација со нова конкуренција, пренесува Би-Би-Си. Младите полнолетни Јапонци пијат помалку од нивните родители, а тоа има последици за средствата собрани од алкохолни пијалоци како што е саке.
Затоа, Националната даночна администрација започна конкурс за идеи како да се промени овој тренд. Целта на кампањата „Sake Viva!“ е да го направи консумирањето алкохол попривлечно и со тоа да им помогне на производителите на пијалоци. Јапонците на возраст меѓу 20 и 39 години можат да ги регистрираат своите бизнис идеи за да ја зголемат побарувачката меѓу своите врсници, било да е тоа за виски, пиво или вино, јавува Би-Би-Си.
Јапонските медиуми пишуваат дека реакциите за ова натпреварување се различни. Критичарите се противат на промовирањето на една нездрава навика, но многумина веќе ги објавија своите идеи на интернет.