Властите во Мали побараа од Советот за безбедност на ОН итен состанок за да се стави крај на она како што тие наведуваат – „акти на агресија“ на Франција во форма на кршење на суверенитетот на земјата, со поддршка што се дава на џихадистичките и шпионските групи, јави дописникот на МИА.
Министерство за надворешни работи на Мали денеска објави писмо упатено од шефот на дипломатијата, Абдулаје Диоп, до актуелното кинеско претседателство на Советот за безбедност, блиско до властите во Мали.
Западноафриканската земја „го задржува правото да користи самоодбрана“ доколку француските дејствија продолжат, во согласност со Повелбата на Обединетите нации, наведува министерот.
Писмото е датирано на 15 август, датумот на заминувањето на последниот француски војник од Мали по девет години ангажман против џихадистите. Хунтата на власт во Мали, од пучот во август 2020 година, се оддалечи од Франција и нејзините сојузници за да се сврти кон Русија.
Абдулај Диоп во ова писмо ги осудува „повторливите и чести повреди“ на националниот воздушен простор од страна на француските сили и летовите на француските авиони кои се занимаваат со „активности кои се сметаат за шпионажа“ и обиди за „заплашување“.
Властите во Мали имаат „неколку докази дека овие флагрантни повреди на воздушниот простор на Мали биле користени од Франција за собирање разузнавачки информации во корист на терористичките групи кои дејствуваат во Сахел и за доставувањеоружје и муниција за нив“.
Француските власти не реагираа на тие обвинувања.
Мали го „поканува“ Советот за безбедност да работи така што Франција „веднаш да престане со своите акти на агресија“ и бара од кинеското претседателство да ги соопшти овие елементи до членовите на Советот за безбедност со цел да се одржи итен состанок, вели Абдулаје Диоп.
Извор: МИА