Естонските власти објавија список на 222 најчести презимиња во држави. Доколку некој посака од некоја причина, а тоа да не е стапување во брак, да го промени презимето и земе едно од споменатите 222, ќе се сретне со неочекувани пречки.
Министерството за регионални прашања во Естонија пред неколку дена објави список на „забранети“ презимиња. Станува збор за контраверзна пракса каде луѓето кои од некои причини сакаат да го променат сопственото презиме, оневозможува земање на најчестите презимиња во државата.
На самиот врв на списокот се презимињата Иванов, Петров и Сидоров, а на списокот се наоѓаат вкупно 222 презимиња, однсно сите кои во Естонија имаат повеќе од 500 сопственици.
Како што јавува VoR, забраната не се однесува на лица кои влегуваат во брак со некој Иванов или Петров, туку само на оние кои моментално презимето од некоја причина не им се допаѓа или заради него имаат проблеми.
Ако инсистираат да станат нови Сидоров, ќе мора да поднесат посебно барања со детално образложение зошто сакаат да се „изгубат“ меѓу големиот број супрезимењаци. При тоа можат да сметаат дека некое време ќе бидат под своевидно државно надгледување.
Списокот на презимиња се ажурира на секои три години, а и покрај големиот број критики од јавноста, власта од ваквата пракса не сака да отстапи. Од една страна оправдувањето го наоѓа во „помагањето на полицијата“, а од друга страна тврди дека сака да се збогати фондот со нови презимиња.
Услов е тоа ново презиме да не е „егзотично“ затоа што во Естонија од 2010 година и тоа е противзаконски.