Нов учебник во Полска предизвика гневни реакции поради текстот за раѓањето деца

Од:

Нов учебник за средни училишта, развиен под покровителство на конзервативната Влада на Полска, наиде на критики кај дел од јавноста, оценувајќи го како обид да се индоктринираат младите луѓе.

Критиката на учебникот по современа историја, насловен „Историја и сегашност“, деновиве се фокусираше на пасусот кој ги опишува модерните пристапи кон сексуалноста и раѓањето деца. Се чини дека текстот изразува негативен став кон ин витро оплодување без експлицитно да се спомене терминот.

Извадокот гласи: „Сè пософистицираните методи за одвојување на сексот од љубовта и плодноста доведуваат до гледање на сексот како забава, а плодноста како човечко производство, може да се каже размножување. Ова го покренува основното прашање: кој ќе ги сака децата, создадени на овој начин?

Водачот на опозициската центристичка партија Граѓанска платформа, Доналд Туск, за време на неодамнешниот состанокот со свои поддржувачи го критикуваше извадокот, но имаше критики и за министерот за образование Пшемишлов Чарнек и другите членови на Владата,

– Можете да прочитате дека децата зачнати преку ин витро оплодување се деца од фарми за одгледување кои никој не ги сака, рече Туск. Обраќајќи им се на владините претставници, тој рече: „Нема граница за нивната подлост. Нема линија што не ја преминале“.

Полското Министерство за образование негира дека пасусот се однесува на ин витро методата.

Чарнек се закани дека ќе го тужи Туск за клевета доколку поранешниот полски премиер и поранешен претседател на Европскиот совет не се извини. – Ниту јас, ниту министерството не пишуваме ниту издаваме учебници, нагласи тој. Според неговите зборови, „Историјата и сегашноста“ не порачува дека никој не сака деца зачнати преку ин витро процедури.

Министерството за образование одговори на забелешките на Туск со твитирање дека само „болен и обземен од омраза“ ум на овој начин ќе го толкува тој дел од учебникот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски