Возачи на камион и автомобил се спасени со хеликоптер откако во Норвешка се урна дрвениот мост по кој патувале.
Патничкиот автомобил завршил во реката, но камионот по уривањето останал на делот од мостот кој бил над водата. Двајцата возачи се спасени и не се повредени.
Станува збор за мост изграден во 2012 година, долг 148 метри, а инспекција е извршена во 2021 година.
Норвешката управа за јавни патишта побара независна истрага за уривањето на мостот.