ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори – Или уставни измени веднаш во Собрание, па да види јавноста дека нема 80 пратеници, или оставка и избори

Од:

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоците од власта на Ковачевски кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат. Јасно му е тоа и на Ковачевски, па затоа на секаков начин се обидува да се задржи на премиерската фотелја што може подолго“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„За да престанат притисоците од страна на власта кон пратениците, СДСМ и Ковачевски имаат избор и понуда од страна на претседателот Христијан Мицкоски.

Доколку Ковачевски и СДСМ се сигурни дека имаат 80 пратеници, веднаш по враќање на пратениците во Собранието да ги стават уставните измени на дневен ред на првата собраниска седница.

Но, ако на таа седница не поминат уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, наредниот ден, да се распушти Собранието и да се оди на предвремени парламентарни избори.

Ако од власта се сигурни дека она што го прават е исправно еве им избор, или слугување на Бугарија и промена на Уставот или предвремени избори.

Ова е чесна и фер понуда. На потег е Ковачевски.

На националните предавства треба да им се стави крај. Секојдневните изјави од страна на бугарските политичари само го потврдува она за кое го говоревме, дека секој ден ќе пристигнуваат нови и нови услови и барања од страна на Бугарија кон оваа сервилна власт на чело со Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ е за европеизација, а не асимилација и бугаризација. Европеизација на Македонија да, но не под бугарски диктат. И за заштита на националните интереси пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата цврсто ќе опстојат на овој став“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски