Кина санкционира седум тајвански високи претставници

Од:

Кина санкционираше седум тајвански официјални лица поради поддршка за независноста на островот, објавија денеска медиумите во Пекинг.

Санкциите доаѓаат по посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси претходно овој месец, потег што Кина го осуди како испраќање погрешен сигнал до силите за независност на Тајван.

Синхуа јави дека меѓу санкционираните од страна на кинеската Канцеларија за работи на Тајван се Ксијао Би-Ким, де факто амбасадор на Тајван во Вашингтон и Велингтон Ку, генерален секретар на тајванскиот Совет за национална безбедност.

Санкционирани се и политичари од владејачката партија на Тајван, Демократската напредна партија.

Портпаролот на Канцеларијата за прашања на Тајван рече дека на санкционираните нема да им биде дозволено да ги посетат Кина, Хонг Конг и Макао, а на компаниите и инвеститорите поврзани со нив, исто така, нема да им биде дозволено да работат во Кина.

Министерството за надворешни работи на Тајван денеска соопшти дека не прифаќа закани од Пекинг, откако Кина воведе санкции за вкупно седум службеници на овој остров.

Санкциите ќе имаат мало практично влијание бидејќи високи тајвански претставници не ја посетуваат Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски