Диего Карлос ја заврши сезоната

Од:

Бразилецот Диего Карлос, за чиј трансфер од Севилја Астон Вила издвои 31.000.000 евра, ја заврши сезоната. Диего Карлос ќе мора да оди на операција поради повредата на Ахиловата тетива.

Астон Вила денеска потврди дека Бразилецот се здобил со тешка повреда, дека мора да оди на операција и дека ќе паузира девет месеци. Ова значи дека за него сезоната е завршена.

Диего Карлос се повреди во саботата, во финишот на натпреварот со Евертон, кој Вила го доби со 2:1.

Ова е огромен удар за тимот на Стивен Џерард, бидејќи Диего Карлос беше едно од најзвучните засилувања.

Ќе видиме дали сега Вила ќе тргне во офанзива за да донесе нов стопер.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Лас Палмас се изгубија на аеродром и доцнеа на летот за Севиља

Горан Наумовски

ВИДЕО: Од трибините го погодија голманот на Севиља, го заврши дуелот со конци на главата

Љубовта пукна по само шест месеци – Иско ја напушти Севилја

Севилја и Баерн го договориле трансферот на Нианзу

Иско, големо засилување за Севилја

Англискиот репрезентативец Џек Грилиш доби жестока казна за бесното возење