Фудбалерот на Севиља, Маркао, суспендиран на шест натпревари поради навреда кон судија

Од:

Фудбалерот на Севиља, Маркао, е суспендиран шест натпревари поради навреда на судијата по добивањето црвен картон на натпреварот против Реал Мадрид, соопшти денес Дисциплинската комисија на шпанската Ла Лига.

Бразилецот беше исклучен во 68-та минута од натпреварот одигран на 20 декември во кој Реал Мадрид ја победи Севиља со 2-0 на домашен терен.

Маркао (29) го навреди судијата Алехандро Муниз Руиз по неговиот втор жолт картон и исклучувањето, за што дисциплинската комисија му изрече драконска казна.

Би можело да ве интересира

Севиља испрати дресови за деца во една од најсиромашните земји во светот, нивната реакција ќе ве воодушеви

Предраг Петровиќ

Диего Карлос ја заврши сезоната