Порака од Русија за САД: Ако уште не сфатиле, ќе сфатат, има преведено на англиски

Од:

Захарова ја коментираше намерата на САД да ја прогласат Русија за спонзор на тероризмот.

Во Москва се надеваат дека Соединетите Американски Држави разбираат дека доколку Конгресот ја прогласи Русија за „државен спонзор на тероризмот“, односите меѓу двете земји можат да бидат заборавени, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Ако сè уште не разбрале, сигурно ќе разберат. Толку многу зборувавме за тоа, а имаше и напишани коментари, кои беа дури и преведени на англиски јазик. Сè е веќе кажано многу пати“, истакна Захарова.

Таа ја коментираше и размената на државјани на двете земји, велејќи дека Москва е подготвена размената да ја спроведе професионално, но доколку САД наместо со конкретни чекори продолжат со интриги и шпекулации, Американците мора да бараат одговори од Вашингтон.

„Од руска страна сè е подготвено. Но, ако американската страна продолжи да се занимава со овие страшни политички интриги и шаренило, тогаш американските граѓани нека видат кои се виновниците“, рече Захарова.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека за време на телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров побарал да се врати во режимот на „тивка дипломатија“ во врска со размената на затвореници, без шпекулации и наметнување.

Кремљ неодамна објави дека сè уште нема договор за евентуална размена на американските државјани Пол Вилан и Бритни Грајнер за рускиот државјанин Виктор Бут.

Претходно американскиот Сенат, горниот дом на Конгресот, едногласно одобри необврзувачка резолуција со која се повикува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“ поради нејзините дејствија во Украина, Чеченија, Грузија и Сирија.

Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, претходно донесе слична мерка, но само Стејт департментот има овластување да определи земја како државен спонзор на тероризмот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна